Стефковски: Со 420 реализирани и почнати проекти, нема место во Гази Баба каде нема нешто направено

Нема место во општина Гази Баба каде што во изминатиот период нема реализирано повеќе проекти. Имавме јавен настан, го презентиравме отчетот, вкупно 420 реализирани проекти и проекти кои се отпочнати со реализација, работевме макотрпно и затоа резултатите стигаат, изјави градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на денешниот настан „Важно е! Платформа за иднина“ во рамки на кампањата Важно е! Од тебе зависат промените“.

Стефковски истакна дека општината ја затекнал во катастрофална ситуација во 21 век имало проблеми како недостаток на вода за  пиење, фекална канализација или асфалт и од првиот ден се работи на решавање на овие проблеми.

-Ќе продолжиме со оваа динамика за жителите од руралниот дел на Гази Баба да ги немаат овие проблеми кои ги имаа години наназад. Сериозно се посветивме на патната инфраструктура, за две години име асфалтирано улици во вкупна површина од 29.000 метри квадратни, во скоро сите населени места. Работевме на подобрување на образовната инфраструктура, за две години имаме инвестирано повеќе од 50 милиони денари само во основните училишта. Работевме на подобрување на спортската инфраструктура, 18 игралишта изградивме и реконструиравме, а она што сакам да ги потенцирам е дека конечно ја пуштивме новата спортска сала во  ОУ Кирил и Методиј и започнавме изградба на нова во Булачани, изјави Стефковски.

Стефковски нагласи дека еден од клучните проекти е обезбедување на бесплатна училишна униформа на сите 6800 ученици во Гази Баба за да се надминат социјалните бариери и воедно додаде дека централната власт ја кочи наменската обврзница со која треба да се реализираат 6 клучни проекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.