11.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Стефковски: Засадени нови 3200 садници во Сарачево

Денес, Општина Гази Баба во соработка со Здружението на граѓани Treebanks, Македонски шуми, Шумарски факултет и Јавното комунално претпријатие ГАЗИ БАБА 2007, организираше акција за пошумување на дел од падините на Скопска Црна Гора во месноста наречена Сарачево, во непосредна близина на населено место Раштак.
Во рамките на акцијата се насадија 3200 садници од листопадни видови на дрвја- јасен и багрем, објави на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Оваа иницијална акција на Општина Гази Баба е само почеток на поголем проект со крајна цел озеленување и пошумување на цело ерозивно подрачје на територија на Општина Гази Баба. Секое засадено дрво, значи еден нов прочистувач на воздухот. Заштитата на животната средина останува на врвот на моите приоритети, а за тоа говори и фактот што во првите пет месеци од мојот мандат, заклучно со денешната акција се засадени над 4000 нови садници на територија на општина Гази Баба. Тука нема да запреме, општина Гази Баба ќе биде најзелената општина во Градот Скопје. Им благодарам на граѓаните на општина Гази Баба кои масовно се приклучија на денешната акција, истакна Стефковски.