Стејт департменот го поздрави договорот меѓу Македонија и Бугарија

Американскиот стетј департмент го поздрави Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија кој во Скопје во вторникот го потпишаа премиерите на двете земји, Зоран Заев односно Бојко Борисов, како пример за мирно решавање на разликите меѓу соседите.

„Соединетите држави им честитаат на Бугарија и на Македонија за потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, се  наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.

„Овој важен, прогресивен договор ги признава веќе силните врски меѓу двете земји и ја отвора вратата за уште поблиска соработка, која оди и понатаму во различни области како инфраструктурата и културата. Потпишувањето на овој Договор ќе придонесе за политичка стабилност и економски развој во поширокиот регион и нуди охрабрувачки пример за тоа како разликите меѓу соседите може да се решат мирно“, оценува дипломатијата на САД.