Стекнав имунитет на корона – ковид 19

Го прележав вирусот и сакам само да споделам некои свои – лични искуства, кои се надевам дека некому ќе му помогнат, онака како што тоа цело време во мојата емисија го правам за сите мои гледачи и следбеници. Живееме не само во зравстевена криза, туку и во тешка психоза и чувство на неизвесност, па ќе се обидам да внесам малку надеж и позитивна мисла во целава оваа состојба.

За да можете да ја разберете како и зошто мојата корона – состојба вознемири некои мои блиски морам малку предисторија на моето здравје, и повторувам, не да се жалам, туку да ги охрабарам сите оние кои ќе се заразат да не губат надеж. Нагласувам, ова е мое лично согледување.

Како мал ја изгубив слезината во сообраќајка, со самото тоа мојот имун систем е прилично нарушен и ослабен и така е цел живот. Како резултат на тоа развив и алергија на пеницилин и ме лечеа со рондомицин, еден од најгнасните можни (квази) антибиотици кои ми ги оштетија коските и особено на забите. Подоцна, како тинејџер, развив хипертензија која ме следи до ден денес, и пијам доживотно анти-хиепертензиви. Поради пречестите воспаленија ги изгубив сите крајници и оштетувања на капиларите поради кое знам пречесто да крварам од носот… и тоа се ова до мојата 20-та година… потоа неколку анафилактички шокови од лошите процени на лекарите во она ваше златно време на ретардирано здравство. Тоа е истото и денес, базирано на болница е да боли (никако хоспитал – од љубезност) затоа морав да трпам кога во живо ми вадеа камен од бешиката без анаестезија поради оштетувања на бубрезите. Подоцна се здебелив и таа дебелина пред 10 години резултираше со инфаркт и стент + дополнителна терапија која покрај доживотната за притисок морам и оваа да ја земам за нерузоис кордис. Тахикардии и релапси се секојдневица за мене. И еве ме, татко на три, со брак и каква- таква успешна кариера, секоја година преживувам најмалку два вируси или грип и тоа со прилично интензивни симптоми.

Без да ме кажете и прочитате насловот, дајте му на медицинско лице ова што го напишав и прашајте дали (скоро) 60-годишник во каков ризик ќе биде од корона? Ова го правев со некои понови пријатели од здаваствениот систем кои се туфкаа како стари баби кога ќе им кажев, – абе слушај имам другар врсник со овие симптоми… сите до еден велеа дека ризикот е ужасен, прогнозите за преболување катастрофални… Нејсе… не ми е до мајтап, само сакав да си ги знам моите опции.

Првите симптоми не ги детектирав како што треба оти денот претходно бев активен нешто низ дома и имав големи физички напрегања што секогаш резултира со болки низ цело тело… и така беше со првите симптоми, болки низ цело тело мислејќи дека ми се воспалени мускули од преголемиот физички напор. Црвената сијаличка се запали кога приметив дека немам осет за миризба и сосема слаб вкус. Тестот покажа позитивен. Веднаш се самоизолирав далеку од моите. Тогаш се вклучија и лекарите од ситемот кои ми дадоа насоки, а матичниот веднаш ми препиша сумамед, двојна доза. Кутрата, знаејки ја целата моја историја беше презагрижена. По совет на неколку лекари чие мислење особено го ценам, почнав со дополнителна терапија од Д3 капсули 4000е, парацетамол, цинк, а на своја рака засилени дози од реиши и кордицепс, сеако и витамин Ц 1000 мг поделна во две дози од по 500.

Бидеејќи сум куче учено на стап – сакам да кажам, често знам да закачам вирус, а годинава два пати имам прележано и тоа со сериозни, многу сериозни симптоми, до бунило и обилно крварења од носот.

Заради тоа бев загрижен, но многу ми помогна тоа што моите најблиски пријатели и лекари секојдневно и повеќе пати во денот контактираа со мене. Морам да признам дека сите оние гостувања на сите оние лекари нивните лични комуникации многу ми помогнаа да си ја смирам главата оти имав сериозни шанси да биде многу пострашно со мене. За среќа, фала му на Бога, поминав лесно, дури и премногу лесно. Температура имав околу 37,5-6 само два дена, исто толку и болките низ телото, како и некаков ментален кармакаш со флешови и ноќни мори… но, велам само пар дена. После тоа, ама никакви симптоми, се чувствував потполно здрав.

Со недели дремев во карантин без никакви симптоми. Можам да заклучам дека поминав лесно. Зачудувчаки лесно и дури и мојата матична како и моите пријатели медицинари без зачудени. Сепак морам да признам дека бев многу дисциплинирам и сите совети за да земам она што ми се препиша го земав без поговор. Секако малку-многу и поздрава храна и го вклучив оној прекрасен македонски чај – ајдучка трева. Секако сета терапија, плус мојата редовна за срце, притисок и гастритис кои си ги м’кнам уште од рана младост, сепак би лажел ако кажам дека моето искуство со корона беше страшно и тешко.

Јасно ми е дека многу луѓе настрадаа и дека нема правила и токму поради тоа мора максимално сериозно да се пристапи кон ова.

Ова покажува дека нема правила и затоа оваа силна реакција низ цел свет е оправдана и мерките да се почитуват колку и да не ни се допаѓаат. Мојата совест не ми дозволуваше да правам керефеки иако се осеќав потоплно здрав, да бидам дисциплиниран за да не се случи да заразам некој кој можеби многу полошо би поминал. Мораме да мислиме на другите, не може поинаку.

Мојава пишанка е само да ве охрабри бидејќи каква е состојбата на силна вирулентност на вирусот јасно е дека многумина ќе се заразат, но да не се грижите, има огромни шанси да поминете добро.

Слушајте ги лекарите и советите, бидете смирени и раговарајте, комуницирајте со блиски, особено со некој кој прележал, можете и со мене, можам и сакам да ви помогнам. Здравствениот систем не може сам, преоптоварени се и секој од нас може да си одигра позитивна улога со тоа што ќе биде дисциплиниран и емпатичен. Не паничете, не се плашете, ќе го пребродите убеден сум 99%, но мора да бидеме сите дисциплинирани бидејќи мерките се далеку побенигни од било која друга опција или теорија на заговор.

ПС- со губење на мирис се нафрлив двојно на брокула, лук и останата силно миризлива храна и сум се хранел поздраво од било кога.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес