Степанчиќ се повреди – го пропушта ЕП ?!

Степанчиќ при еден дуел како покосен падна на паркетот и со болна гримаса беше изнесен од теренот, а лекарите велат дека му настрадале предните вкрстени лигаменти и дека тој ќе мора да го пропушти Европското првенство во ракомет кое на стартот на 2016 се игра во Полска.

Младиот ракометар кој е роден во Пула, за “коцкестите” дебитира во 2013 година и стана неизбежен член на првиот тим.

Репрезентацијата на Хрватска е во групата “Б” заедно со Белорусија, Исланд и Норвешка, репрезентации кои во наредната фаза ќе вкрстат во група “А” во која е и Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.