Штетите од железничката несреќа кај Куманово огромни, одговорност нема

Штетите од железничката несреќа која се случи на релација  Скопје – Куманово (Табановци) а за која никој од властите не презеде одговорност се огромни, пишува Курир.

Имено, компаниите претрпуваат огромни штети при нивното работење поради неодговорноста на службите и на Владата.  Така компании кои претставуваат едни од најголемите индустриски капацитети во Македонија имаат сериозни проблеми со снабдување на основните суровини за работа.

Конкретно компанијата „Макстил“ АД Скопје на 3-ти овој месец испратила известување до Македонската берза за хартии од вредност во кое укажува дека поради оштетување на железничката пруга и прекинатата железничка комуникација со Р. Србија компанијата се соочува со исклучително сериозен проблем во снабдувањето на старо железо кое е пак основна металуршка суровина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.