Штетите во Париз поголеми од минатиот викенд

Штетите од саботните протести на „Жолтите елеци“ во Париз се поголеми отколку пред една седмица кога беа оштетени некои од знаменитостите на француската престолнина, како Триумфалната капија, објавија во неделата градските власти.

„Многу повеќе штети се нанесени вчера отколку една седмица претходно… Економската штета е значително повисока“, изјави во неделата заменикот на париската градоначалничка, Еманиел Грегоар, кој е задолжен за финансиите на градот. Појасни дека причина за тоа е што многу продавници во текот на викендот останале затворен во текот на традиционалната претпразнична сезона на купувања.

Во Париз затворени за посетителите беа и главните музеи Лувр, Орсе, Оранжери, етнографскиот музеј Барнли. Попречен беше и пристапот до Ајфеловата кула, откажани многу театарски претстави и други културни манифестации, поради што загубата се проценува на повеќе од 100 илјади евра. На западот од француската престолнина затворен беше и посетениот комплекс дворци Версај.

Според последните податоци на министерството за внатрешни работи, 1.723 лица се уапсени ширум Франција во саботата во текот на протестите кои започнаа како спротиставвуање на најавите за зголемување на наметите на горивата. Протестите во меѓувреме се проширија и на другите француски градови, како протест против политиките на претседателот Емануел Макрон.ж

Во притвор во неделата во цела Франција останале 1.220 лица. Според приоцените на властите, во саботата на протестите учествувале 136.000 луѓе. На подрачјето на Париз се уапсени 1.082 лица, што е многу повеќе од 412 приведени еден викенд претходно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.