Стевановиќ: Ковид-19 најмногу компликации предизвика кај пациентите од 40 до 50 години

Пациентите меѓу 40 и 50 години го понесоа најголемиот ризик од ковид-19 и најмногу ги осетија последиците што ги остава вирусот, а бројките со компликации кај средната популација се најголеми, вели директорката на Клиниката за инфека телевизија Сител.

Таа вели дека се преполовени бројките на новозаболени и на пациенти на кои им треба хоспитализација и се надеваат дека се гледа крајот на пандемијата, ама тоа не треба да биде мотив за опуштање.

– Ова ни покажува дека има надеж во справувањето и дури се гледа и крајот на оваа голгота, но никако тоа да не се гледа како опуштање. Нов наплив нема да биде добар и за граѓаните и за здравствените работници – вели Стевановиќ.

Од хоспитализираните најголем број се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.