Стевчо Јакимовски ќе го враќа „Партизан“ – Карпош 4 во употреба и нема да се издава (ВИДЕО)

Kандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска од пред спортската сала „Партизан“ во Карпош 4 најави нејзино обновување и повторно ставање во употреба за жителите на општината.

– „Партизан 4“ повторно ќе биде во употреба  граѓаните. Нема на никого да се издава. Со него ќе стопанисува локалната самоуправа и ќе биде сѐ бесплатно, за да можат најмладите и сите граѓани да рекреираат – најави Јакимовски.

Тој потсети дека во изминатите години, иако беше на големо ветувано обновувањето на салата од страна на градоначалникот Стефан Богоев, „Партизан“ остана уште едно големо нереализирано ветување актуелната локална власт.