Стигна порака од Стејт департментот до македонската влада: Корумпирани сте!

Високата корупција и насилството врз ЛГБТ поединци се главните проблеми кои се нотирани во Извештајот на американскиот Стејт департмент, објавен попладнево.

Сериозен проблем за човековите права во Македонија претставуваат ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет и несоодветното финансирање, што и натаму ја спречуваат ефикасноста на борбата против корупцијата. За човековите права сериозен проблем претставуваат и високата корупција и насилството кон ЛГБТ заедницата, се вели во извештајот на американскиот Стејт Департмент за човековите права во Македонија за 2019 година.

Во извештајот на Стејт департментот понатака е наведено дека во земјата има законски казни за корупција на службените лица и функционерите, но иако владата генерално го спроведува законот, има случаи на функционери кои се вклучени во корупција. Невладините организации укажале дека доминантната улога на владата во стопанстовото создава услови за корупција, затоа што „владата е најголемиот работодавач во државата“.

Во својот извештај на 29 мај ЕК истакна дека земјата има „одредено ниво на подготовка“ и „постигнат е добар напредок преку натамошно консолидирање на учинокот за истраги, гонење и судење на случаи на корупција на високо ниво и измени во законодавната рамка ” Комисијата, исто така, призна дека, сепак, распространетата корупција во многу области останува загриженост, наведува Стејт департментот.

Заклучно со 26 август, ДКСК доби 465 граѓански и 12 приговори од свиркачи, мнозинството се занимаваше со злоупотреба на јавните средства, неисполнување на законски обврски, и друго неетичко однесување. Покрај тоа, комисијата доби 81 поплака за судир на интереси. ДКСК отвори на своја иницијатива 21 случаи кои вклучуваат обвиненија за корупција и уште 65 случаи на непотизам, нотира Стејт департментот.