
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска промовираше песна насловена како „Стих за љубовта“.
Во Заедничка Македонија се роди и песна. Како и во се што правиме, така и во неа не води Љубовта. Од идеја до реализација помогнаа многу луѓе на кои сме им неизмерно благодарни, стои во нивниот ФБ статус.
Пеат: Марта Костурска и Јовче Шиле Пандев
Музика: Пол Сајмон
Текст: Александар Русјаков
Продуцент: Драган Гиновски – Гино
Аранжман и пратечки вокали: Андријана Јаневска
Ви ја подаруваме оваа магична тема за да ви ги разубави Велигденските празници кои од срце ви ги честитаме. Остануваме будни и се гледаме наскоро повторно на нашата заедничка патека, стои во нивната порака на ФБ профилот на ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.