Стилвел: Трамп сака да соработува со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да соработува со Северна Кореја , за да и помогне да ја развие економијата, но САД не сакаат да го гледаат продолжението на „лошото однесување“ на Пјонгјанг, изјави денеска висок претставник на Стејт департментот, Дејвид Стилвел.

Запрашан дали Вашингтон е загрижен поради новите провокации на Северна Кореја, помошникот државен секретар Стилвел наведе дека „веќе ги слушнале заканите“.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во април им постави рок на САД до крајот на годината да покажат поголема флексибилност во преговорите, предупредувајќи дека во спротивно ќе се тргне по „нов пат“.