Стинг го откажа концертот и во Минхен поради влошена здравстена состојба

129

Светската музичка ѕвезда Стинг откажа уште еден концерт предвиден за вечерва во Минхен поради влошена здраствена состојба.

Како што е наведено на неговата интернет страница, Стинг искрено жали за откажувањето, но и дека навистина не се чувствува добро, а лекарите го советувале да не настапува.

Во понеделникот британскиот музичар го откажа инастапот во Белгија, кадешто требаше да се појави на еден џез фестивал.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.