Стинг го поздрави Скопје на македонски

Легендата на светската рок-сцена Стинг вечерва одржува концерт во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамки на неговата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум.

Неговата промотивна турнеја почна во февруари годинава и ги опфаќа сите континенти. Вечерва Стинг свири неколку песни од новиот албум, како и најголемите хитови од соло-кариерата: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на групата „Полис“: „Message in the bottle“, „Walking on the Мoon“, „Every breath you take“…

Стинг настапи со своите долгогодишни соработници – гитаристите Доминик Милер и Руфус Милер, тапанарот Џош Фрис, а специјален гостин е неговиот син Џо Самнер.