Стипе Месиќ стана почесен граѓанин на Гостивар

Поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ едногласно е прогласен за почесен граѓанин на Гостивар на денешната седница на Советот на Општина Гостивар.

Според советниците, Месиќ ја заслужува оваа титула, затоа што во текот на својата политичка кариера се посветил на намалување на поделбите меѓу народите и промовирање на демократските вредности.

Месиќ во април 2012 беше прогласен за почесен граѓанин на Тетово.