Стив Бaнон се предал на њујоршките власти по обвинение за проневера на пари за изградбата на ѕидот со Мексико

Стив Бaнон, советник на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и водечки коментатор кај американските конзервативци, се предаде денеска на властите во Њујорк по обвинувања за перење пари во програма за спонзори за изградба на ѕидот.

Организацијата „Го градиме ѕидот”, преку која Бaнон собирал донации, успеала да собере повеќе од 15 милиони долари со ветување дека ќе помогне во изградбата на ѕидот, едно од изборните ветувања на Трамп. Изградбата што беше реализирана делумно, а со цел запирање на нелегалната имиграција на американско-мексиканската граница.

-Не може да има една низа правила за обичните луѓе а друга за богатите и моќните. Сите мора да играме по истите правил и да го почитуваме законот, изјави Летиција Џејмс, генерален обвинител на Њујорк .

Според неа, Бaнон ги искористил политичките погледи на неговите спонзори за да обезбеди милиони долари кои потоа ги проневерил.

-Бaнон ги лажел спонзорите за свое лично и за збогатување на своите пријатели, истакна таа.

Против него се поднесени тужби под шест точки, вклучувајќи две за перење пари и една за завера. Уште две се подигнати и од окружниот обвинител Алвин Браг, чиј оддел сорабатува со Џејмс на овој случај.

Во изјава даден завчера, Бaнон го опиша прогонот од државата Њујорк како дел од пошироко „користиње на кривично-правниот систем како оружје” против конзервативците. Според него, тужбите се дел од напорите за негово замолчување во пресрет на среднорочните избори.

-Се уште не сум започнал да се борам. Тие треба првин да ме убијат, рече тој.

Во 2020 годна пред да замине од Белата куќа, тој беше помилуван од Трамп по сите федерални обвиненија. Тогашните помилувања на Трамп, го опфатија и Пол Манафорт, уште еден негов советник претседателот.

Сепак, помилувањата се на федерално ниво, и не опфаќаат државен кривичен прогон.

Во 2020 година пред да биде помилуван, против Банон беше покрената истрага за проневери од државата Њујорк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.