Стиви Вондер се чувствува 30 години помлад по трансплантацијата на бубрег

Познатиот пејач Стиви Вондер (70) минатата зима направи трансплантација на бубрег и вели дека сега се чувствува како да има 40 години.

На прес-конференцијата што ја одржа по повод промоцијата на новите песни „Каде е нашата Љубовна песна“ и „Не можам да ја ставам во рацете на судбината“, повеќекратниот добитник на наградата Греми рече дека неговата здравствена состојба, и покрај стравувањата што постоеле за време на минатата година, брзо се подобрила.

-Сакам да ги известам сите дека сум благословен со нов бубрег, напиша тогаш.

Вондер исто така го одржуваше расположението.

-Се чувствувам одлично. Мојот глас се чувствува одлично. И реков на ќерка ми Аиша дека ќе бидам како да сум помлад од неа. На 70 години, ќе бидам како да сум 40. Сакам да им се заблагодарам на сите за молитвите и љубовта, вели Вондер.

Музичарот најави и нов албум наречен „So What the Fuss Music“, именуван по песна од 2005 година.

Вондер ги откри своите здравствени проблеми пред јавноста на сцената на британскиот фестивал „Летно време“ во јули 2019 година.