Стојанче Ангелов: Јас како поискусен политичар сметам дека францускиот предлог во ваква форма е неприфатлив

Претседателот на партијата Достоинство, дел од владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ, и актуелен директор на Цeнтарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, оцени во петкот дека францускиот предлог во ваква форма е неприфатлив.

„Јас, како поискусен политичар, можам да проголтам неколку работи, но со овој предлог ние не добиваме датум за преговори. Покрај тоа што е во одредени делови е понижувачки за нас Македонците, ние нема да добиеме датум сѐ додека не се случат уставните измени и тешко ќе биде да се обезбеди двотретинско мнозинство“, рече Ангелов во текот на дебатната емисија „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.

Ангелов, исто така, рече дека се птотиви против на внесувањето на Бугарите во Уставот на земјата, затоа што, според него, нивната бројка е минорна.

„Утре може ќе останат овде кај нас две/три илјади Украинци, па може ќе треба и нив да ги внесеме“, споредува Ангелов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.