Стојаноска: Денеска Македонија победува и сите оние коишто живееле за нејзината правда и слобода

Денеска е голем ден за Македонија, затоа што денес Македонија победува, Денеска Македонија победува и сите оние коишто живееле за нејзината правда и слобода, изјави откако гласаше Дафина Стојаноска, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 6.

„Штотуку го искористив моето според Уставот на Република Македонија загарантирано право на глас. Гласав во основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар, и горда што го споменувам името на овој македонски великан.  Нека помине се во најдобар ред до вечер. А, вечер нека слави Македонија. Онаа Македонија на Гоце, на Питу и на сите кои живееле за нејзината правда и слобода“, рече Стојаноска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.