Стојаноска: Ќе изградиме градинки секаде низ Македонија за да им помогнеме на младите родители

Носителот на изборната единица 6 на листата на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска денес од населбата Тетовчанка ги повика гостиварчани и тетовчани утре на граѓанските собири во Гостивар во 18,30 и во Тетово во 20,30 часот на градските плоштади на кои ќе се обрати Претседателот на ВМРО-ДПМЕН и идниот премиер на Република Македонија проф. Д-р Христијан Мицкоски. И ги повикувам сите што сакаат да присуствуваат да ги почитуваат здравствените протоколи и да го почитуваат своето достоинство и да ja дадат својата поддршка за најголемата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова на Македонија.

Заедно со мојот досегашен колега од парламентот Горан Манојловски како и со идните мои колеги од парламентот на Република Македонија повторно наидовме на одличен прием кај жителите од оваа населба. Овде како и секаде низ Македонија се чувствува разочараноста од оваа криминална власт на СДСМ. Нема веќе насмевки на луѓето, децата ни се иселија, порача Стојаноска.

Таа презентираше дел од проектите на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6. Ветуваме проширување на патот од Тетово до Гостивар со што би добиле современ автопат кој ќе го користиме за да ја развиеме економијата. За да може да го исполниме ветувањето за зголемување на платите за  најмалку 25 проценти а со тоа и зголемување на пензиите за 20 проценти. Ќе го завршиме она што го имавме почнато пред 3-4 години, а СДСМ не можеа. Ќе спроведеме гасификација во Тетово и Гостивар и секаде низ Македонија.

Ќе помогнеме на младите со тоа што ќе изградиме градинки низ цела Македонија а се разбира и тука во Тетово и во Гостивар. За младите ќе инвестираме и во спортот, ќе го модернизираме стадионот тука во Тетово. За Тетово многу важно, ветуваме модернизација на универзитетската клиничка болница која ќе го опслужува целиот полошки регион но и пошироко, потенцираше Стојаноска.

Уште еднаш ве повикувам да бидете внимателни за своето здравје и на 15 јули да излезете и да го заокружите бројот 14 на гласачкото ливче, апелираше Дафина Стојаноска.