Стојаноска: Граѓаните ќе изберат создавање на нова иднина и ќе стават крај на криминалот и корупцијата на СДСМ

Ние не се срамиме од своите корени, ние не градиме куќи без темели. Ние не одиме во иднината погазувајќи го минатото. Ние сме ВМРО-ДПМНЕ и сме горди на богатото и славно минато на нашите предци. Ние сме Македонци од Република Македонија, и горди сме на нејзината историја, онаа која денес не потсетува и не обврзува на делата на Ѓорѓија Пулевски, Александар Сариевски, Нијази Лимановски, Русе Бошкоски, Кочо и Гале Фиданоски, Јован Кукузел, Јатиф Пајкоски, Елисје Поповски, Дарко Дамјановски и уште многу имиња кои веќе се или ќе бидат запишани со златни букви во историјата на овој крај, и секако во историјата на Македонија, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Маврово Ростуше.

Стојаноска ги потсети граѓаните дека имаше еден човек во едно недалечно време кој се колнеше децата и не ги даваше жиците.

„Ние пак сме луѓе кои најмногу избегнуваат да се колнат уште помалку во сопствените деца, а најмалку се колнеме за работи кои не сме во можност да ги исполниме. Заев си ги стави и децата во заклетвите, потпиша и гаранција со која немаше да го чепка суверенитетот на Република Македонија. Се сеќаваме сите. Заев е двапати аболициран криминалец за криминали тешки со илјадници и милиони евра. Заев е премиер на нашата Македонија, а истовремено е двапати аболициран за криминал премиер. Премиер кој наместо да работи за интересите на Македонија и нејзините граѓани, тој е премиер кој работи исклучиво за своите и за интересите на неговото опкружување“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска додаде дека опкружувањето на Заев се состои од лица на кои Спасовски им издавал пасоши и лични карти под лажни имиња.

„За која слобода на говор мислат од власта кога се фалат со истата. За онаа на нивните поддржувачи, или за илјадниците затворени и блокирани ФБ профили на нивните неистомисленици и јавни критичари. За која транспарентност мислат? За она кога ќе бидат фатени на дело со рацете до лакти потонати во теглите со мед, па ќе признаат дека лизнале малку од медот. И за кое независно судство зборуваат, она кое работи исклучиво по нарачани случаи или она кое не смее да закаже ниту едно рочиште без изим од двапати аболицираниот“, истакна Стојаноска.

Стојаноска посочи дека ова се избори на кои што граѓаните ќе им го покажат вистинското место на СДСМ, каде треба тие да бидат. Ова се избори на кои ќе се реши судбината и иднината на Маврово Ростуше, но и судбината и идната на Република Македонија.

„Докторот Мевмед Џафери и актуелниот градоначалник на Маврово Ростуше во заминување се два антипода, две огромни спротивности, и за тоа сум убедена дека жителите на Маврово Ростуше нема да дозволат некој по вторпат да ги потцени и да ги понижи и да им ја навреди нивната интелигенција. Овој пат нема да врват лажните насмевки, ниту помпезните ветувања, а по најмалку обидите за поткуп“, рече Стојаноска.

Стојаноска нагласи дека на 17-ти октомври граѓаните ќе гласаат за создавање на нова иднина, иднина каде што нема да има криминал и корупција туку реални проекти за подбро живеење на граѓаните.