Стојаноска: Kонкретните амандмани се нецелосни, погрешни, небулозни…

На денешната седница на собраниската комисија каде се дискутираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, истакна дека иако состојбата е алармантна на старо-новата Влада и требаа повеќе од 40 дена за да донесе некомплетно предлог законско решение, во кој период имаше илајдници заразени и стотици починати граѓани.

-Состојбата е алармантна, ќе одам хронолошки па ќе потсетам дека старо-новата Влада се избра на 30 август оваа година што знали дека се поминати 40 дена откако профункционира оваа влада, и 40 дена и требаа за да поднесе ваков предлог закон за состојба за која вие велите дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи, а ние ве чекаме да донесете едно некомплетно предлог законско решение – истакна пратеничката Стојаноска.

Стојаноска вели дека конкретните амандмани се нецелосни, погрешни, небулозни, за кои требало да изгреагира законодавно-правната комисија, па по тоа власта е несериозна, а нервозниот министер не ги слуша забелешките од страна на опозицијата.

-Бројките на 30 август во однос на новозаразени чудно тој ден беа паднати од претходниот ден од 131 новозаразен, на 39 новозаразени и 4-ца починати, а вчера имавме 628 новозаразени и 15 починати лица, 40 дена и требаа на власта во кој имавме илјадници новозаразени и неколку стотици починати, за тоа опозицијата во парламентот не сноси вина, затоа што 40 дена го чекавме ова законско решение, кое дојде на 8 октомври, а денеска сме 28 октомври за кое ви текна по 20 дена да поднесете амандмани на ова законско решение кое е итно – критикуваше Стојаноска од собраниската говорница.