Стојаноска: СДСМ заборави на граѓаните

Денес продолживме со посета на општина Теарце и село Глоѓи. Имавме средба со локалното население, каде дискутиравме за програмата на ВМРО-ДПМНЕ, како и за секојдневните проблеми со кои се соочуваат. Факт е дека СДС никогаш не се грижеле за потребите на граѓаните на Република Македонија.

На средбата со членовите на ловечкото друштво “Љуботен” и концесионери на дивечот во ловиштата “Брезно” и “Љуботен”, повторно проблеми. Проблемот со кој се соочуваат сите ловџии е национален проблем за оваа целна група низ цела Македонија. И пред нив се обврзавме дека ќе ставиме крај на беззаконското работење и ќе спроведеме целосна ревизија на постапките за одземања на ловиштата.