Стојаноска: Ветуваме гасификација на Гостивар и на цела Македонија

Носителот на изборната единица 6 на листата на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска денес од гостиварската населба Циглана се обрати на граѓаните на Гостивар.

Таа ги поздрави жителите на нејзиниот роден Гостивар и на жителите на населба Циглана. “Тука живеат вредни и чесни луѓе, луѓе домаќини и Циглана важи за бастионот на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар. Бастион затоа што ВМРО-ДПМНЕ нема изгубено во Циглана. Така ќе биде и овој пат на 15 Јули. Жителите на Циглана велат не само што се патриоти туку затоа што овој пат се локал патриоти и ќе го заокружат бројот 14 не само заради носителот на листат кој што е од Гостивар туку затоа што на нашата листа на првите добитни места се наоѓаат токму гостиварчани и сите заедно се обврзуваме дека ќе ја вратиме вербата во честа и достоинството и ќе ја обновиме Македонија”.

„На изборите ќе се избира меѓу проф. Д-р Христијан Мицкоски и Зоран Заев. Меѓу обновата што ви ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Заев. Помеѓу чесната понуда на ВМРО-ДПМНЕ и рекетирањето од СДСМ кое е на очиглед на сите”, предупреди Стојаноска.

„Во нашата програма со 1000 проекти ви ветуваме и стоиме на зборот дека ќе ги зголемиме платите за 20 проценти. Пензиите ќе ги зголемиме за 25 проценти. Ветуваме силна економија”, истакна Дафина Стојаноска.

Носителот на  ИЕ 6 на листата на ВМРО-ДПМНЕ за Гостивар ветува “изградба на модерна инфраструктура. Таа е потребна за обнова и на економијата и стопанството и индустријата. Ветуваме целосна гасификација како на Гостивар така и на цела Македонија. Така ќе инвестираме во екологијата и во иднината со тоа што ќе ги заштитиме шумите на Шар Планина од дивите сечачи”.

„Ве повикувам на 15 јули да излеземе во голем број, со лична заштита и да не се плашиме да му ставиме крај на владеењето на СДСМ. На изборите ве повикувам да заокружите број 14 за обнова на Македонија”, порача Дафина Стојаноска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.