Стојаноски до Ковачевски: Македонскиот работник врзува едвај крај со крај, дали власта ќе го прифати барањето на ССМ за линеарно покачување на платите?

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања упати пратеничко прашање до Претседателот на Владата Димитар Ковачевски за тоа Дали ќе биде прифатен предлогот на ССМ за линеарно покачување на плата и линеарно зголемување од 2,806 денари, бидејќи во моментов е навистина тешко да се сврзе крај со крај за македонскиот работник.

Стојаноски рече дека овие прашања се директно произлезени од синдикатите и се нивна желба. ССМ и КСС како најголеми синдикални организации во државата се обратија до сите политички партии во Парламентот и до сите координатори со испратени писмени барања со барање за изнаоѓање на пратеничка група со која таа тие нивни барања ќе ги преточи во амандман за тие да бидат расправани и усвоени.

„Имаме секојдневни штрајкови од различни синдикални организации, можеме да просведочиме дека во моментов е навистина тешко да се сврзе крај со крај за македонскиот работник затоа што имаме историски највисока инфлација, сиромаштијата галопирачки расте, цената на горивата никогаш не била повисока, цената на храната исто така не била никогаш повисока и не престанува да расте а цената на енергенсите галопирачки исто така се вивнува во облаците и не престанува да расте таа цена“, потенцираше Стојаноски.

Стојаноски посочи дека власта не се прави ништо за да се сопре и така разгорената инфлација која се случува во моментов

Стојаноски заклучи дека потрошувачката кошничка секојдневно се зголемува, платите во Република Македонија ја губат трката со зголемените цени. Додека пак трите главни контибутори за една обична нормална живеачка, горивата, храната и цената на струјата не престануваат да растат. Затоа сосема е логично барањето на работниците за повисоки плати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.