Стојаноски до Манчевски: Да бевте толку успешен, може и во овој состав ќе бевте министер за информатичко општество и администрација

Господине Манчевски да бевте толку успешен во справувањето со предизвиците на јавната администрација сигурно уште ќе бевте министре. Она што е забележливо дека токму во вашиот мандат се случија низа на скандали со вработувања, па пратеници си вработуваа членови од семејство, ја памтиме Мира Дизел, па ве молам јавноста следи, народ гледа вие немојте да коментирате, му порача Бојан Стојановски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на бившиот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната собраниска седница за избор на нов владин состав.
Стојановски укажа дека НАТО и ЕУ не е заслуга на власта на СДСМ, додавајќи дека поради промена на името на капитулантскиот начин Македонија е понижена држава.
Кажувавте за заслугите за НАТО и ЕУ, па не се заслуги само на оваа влада, малтене јас би рекол дека таа има и најмали заслуги. Заслугите се на граѓаните на Република Македонија и на сите влади претходно. Сите добро знаеме што беше кочница на патот на Република Македонија за НАТО и ЕУ, тоа беше името. Се смириле многу влади од кога Република Македонија е независна држава, ама никој не се нафати вака на ваков капитулантски начин да го реши тој проблем. Сега сме држава која што е без достоинство и држава која што е понижена, и вие може колку сакате да си зборувате ама тоа е така и народот тоа го знае, вели Стојаноски.
Стојаноски се осврна и на лошата економија и селективната правда, објаснувајќи дека власта наместо антикризните економски мерки да ги намени за оживување на економијата ги наменила за поткуп.
40.000 граѓани во оваа криза се останати без работа. Така да тие економски антикризни мерки од една милијарда се потроши за поткуп, а овие луѓе се уште ќе бараат работа. СЈО правда е? Вие тука зборувавте фалевте и кажувавте дека тие луѓе ќе ја донесат правдата во Македонија, па видовме сега каде е специјалната обвинителка и каде се специјалните јавните обвинители, истакна тој.