Стојаноски: Излезе на виделина вистинската причина зошто Дончев си дал оставка

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија ќе биде нормална држава на 15 јули.

-Секој ден станува јасно дека ниту еден случај на криминал сторен од структурите на власта, кој е поврзан со било какво противправно стекнување на материјални средства е искоординиран, одобрен и поттикнат од Зоран Заев.
Истиот тој Заев тврдеше дека Ден Дончев дал оставка од здравствени причини, за да сега излезе вистината на виделина. Повеќе од јасно е дека сите патишта на криминално изрекетираните пари од случаите “Рекет” и “Рекет 2” завршуваат кај семејството Заеви.
На 15-ти јули народот ќе даде “пас” за конечно менување и правно расчистување со овоќие криминални „елити“
Македонија ќе биде нормална држава, стои во неговиот пост на Фејсбук.