12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Стојаноски, Мицкоски и Мисајловски: Доста беше понижување, немаме време за губење

Одржавме состанок со членовите на Општинскиот комитет, а на истиот присуствуваа Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски и членовите на Извршниот комитет, Марија Андоновска и Рашела Мизрахи, напиша на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

-Разговаравме за актуелната ситуација во која се наоѓа Република Македонија и како може да помогнеме со цел државата да ја спасиме од таквата состојба. Ситуацијата во која не втурна криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ е повеќе од лоша. Потребни се промени! Убеден сум дека народот на 18 јуни во 20:00 часот ќе излезе во голем број пред Владата на Република Македонија да испрати порака дека е доста од понижувања. Немаме повеќе време за губење, за Република Македонија се работи! Истакна Стојаноски.