На алчноста и расипништвото во власта им нема крај. Еден ден, една недела не може да помине, а да нема некое ново задолжување. Неодговорната, неспособната и најкриминалната влада во Европа предводена од Заев и СДСМ повторно, во само еден ден, ја задолжија Република Македонија за вртоглава сума од 116,5 милиони евра, обвинува Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова е уште еден грабеж на македонските граѓани, на македонската економија. Грабеж на македонската иднина. Во услови кога македонската економија е на колена, кога над 55 илјади граѓани останаа без работа и околу 6000 компании се затворија, во услови кога секојдневно расте бројката на заразени и починати од КОВИД 19, а ние сеуште немаме вакцини и јасна стратегија како да ја преживееме оваа пандемија, Зоран Заев и неговата влада упорно ја задолжуваат државата и ја тераат во амбис од кои децении, генерации и поколенија ќе ни бидат потребни да излеземе“ рече тој.
Стојаноски порача дека е срамота што СДСМ и премиер Зоран Заев секојдневно да ги задолжуваат граѓаните, за да трошат пари на непродуктивни работи.
„Личните луксузирања, возењето со мотори и хеликоптери, одморите во Мексико и Дубаи, бизнисите на Николовски, тендерите на Рашковски и Царовска, како и илјадниците партиски вработувања не смеат да бидат на трошок и на сметка на граѓаните“, додаде.
„Како одговорна партија, ние мораме да ја запознаеме јавноста со поразителните и страшни факти кои покажуваат дека во овој момент, со задолжувањата од почетокот на оваа година до денес, јавниот долг на Република Македонија изнесува околу 7 милијарди евра, надминувајќи го Мастрихтшкиот критериум за задолженост и сега сме задолжени над 60 проценти од БДП кои што не вцрстува во земјите кои што се веќе високо задолжени. Што значи ова за граѓаните и за државата? Ова значи дека Република Македонија денес е банкротирана држава која нема да може да ги враќа кредитите и да ги сервисира сопствените обврски“, истакна пратеникот.
Наведе дека колку за потсетување, кога СДСМ ја презема власта, јавниот долг на Македонија изнесуваше 46,1 отсто од бруто домашниот производ (БДП) и ја рангираше земјата во групата на нормално и средно задолжени држави.
„Од друга страна, задолжувањето додека вртоглаво расте, а капитални инвестиции речиси и да не постојат. Реализацијата на капиталните инвестиции за првите три месеци од оваа година изнесува срамни 10 отсто. Четири години власта нема ставено камен на камен, нема изградено барем еден километар автопат. Нема проекти, нема нови фабрики и странски инвестиции, нема отворање на нови работни места, нема нов клинички центар, нема нови училишта и градинки. Едноставно нема проекти. Едноставно како што прават во сите сфери на општеството нема ништо. Само криминал, безидејност и апатија. Никој не знае каде и за што се трошат милијардите кои утре сите ние заедно ќе ги враќаме. Очигледно, СДСМ и Заев само се задолжуваат и крадат, а ништо не градат. СДСМ и Заев покажаа дека не знаат и не можат да ја водат државата. Со СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија само тоне во долгови и камати, а граѓаните воопшто не ни знаат каде и за што се трошат овие нивни позајмени пари. Граѓаните се исплашени, немаат пари, немаат доверба во оваа криминална влада дека ќе донесе подобра и посигурна иднина. Но, крајот на СДСМ е видлив и повеќе од сигурен. На сите криминали и скандали многу бргу ќе им дојде крајот, а ние како ВМРО-ДПМНЕ порачуваме дека за сето ова, за сите криминали, злодела и злоупотреби од страна на СДСМ и Заев, ќе има одговорност“, порача тој.