12.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Стојаноски: Општина Ѓорче Петров мора посериозно да ги имплементира здравствените протоколи во училиштата и градинките

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, бара општина Ѓорче Петров мора посериозно да ги имплементира здравствените протоколи во училиштата и градинките.

-Шест дена после седницата на советот на општина Ѓорче Петров нема одговор на прашањата како се дозволило да биде присутен советник кој имал симптоми на Ковид 19. Општина Ѓорче Петров мора посериозно да ги имплементира здравствените протоколи во училиштата и градинките, бидејќи сме една од општините со најголем број на заразен персонал, порача тој.