Стојаноски: Ребалансот на Буџетот ѝ е потребен на власта да продолжи да краде и за предизборен покуп

Во услови на пандемија имаме најголем Буџет, а ниту едно евро нема за капитална инвестиција. Во наредните шест месеци граѓаните нема да добијат ниту еден километар автопат, ниту ќе се гради болница, училишта, спортски сали и слично, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на собраниската дената за ребаланс на Буџетот за годинава.

Стојаноски посочи дека се вкалкулирани поскапување на електричната енергија 12,5 проценти со нивелација на ддв, и граѓаните ќе почуствуваат недомаќинско работење.

„Граѓаните ќе плаќаат поскапо гориво, ќе се воведат нови даноци, ќе има  покачување на посточките како ДДВ и на други даноци“, рече Стојаноски.

Оттука, додаде тој, ќе има само осиромашување на граѓаните и намалување на животниот стандрад.

„На граѓаните ќе им останат само поскапувањата, сиромаштијата, а власта ќе прави мегаломански буџети за предизборен поткуп и за овие од елитата од власта да продолжат со кредење додека цел свет кажува дека Македонија напредува само во корупција“, заклучи Стојаноски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.