Стојаноски: Само лани над 455 илјади македонски граѓани биле на праг на сиромаштија

Треба малце да ја погледнеме реалноста, онаква каква што е, а не како што ни ја сервираат со розовите очи на СДСМ. Првите три сета мерки не само што не го дадоа одговорот на спречувањето на девастирањето на економијата, туку истото го забрзаа, ова од собраниската говорница го истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа се искористени 54, 55 проценти од истите и затоа економијава е сега согласно сите параметри, еве го тука заменик министерот и можеме слободно да продискутираме, затоа креираме четврт,а затоа најавуваме петти сет на мерки и затоа премиерот за економски прашања вели дека не е ништо страшно ако немаме ниту 70 проценти од јавниот долг на Македонија. Госпоѓа Лазаревска, на вас можеби како партија не ви ги сервираат тие податоци, ама државниот завод за статистика е професионална институција која вади секогаш точни податоци. Нивниот податок е дека 455.600 луѓе во 2019 година пред да почне пандемијата биле на праг на осиромашувањето, ќе видиме која ќе биде бројката оваа година, вели Стојаноски.

Тој додава дека сликата е катастрофална не само во економијата, туку и во здравството, ние сме на 18-то место во светот по смртност од коронавирус, а прво во регионот, рече тој.