14.8 C
Skopje
вторник, февруари 27, 2024

Студентите вчера не добија ништо, им беше фрлена гума за спасување на власта од тие кои преговараа во име на студентите

Фејсбук објава на Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Во текот на вчерашниот ден со неколку колеги влеговме непоканети на “театарот” кој беше организиран од СДСМ и Коалицијата, поточно од оние што беа предлагачи на спорниот закон за студентски оброк.

Иако не ни беше дозволено да земеме збор, сепак земавме учество и го образложивме нашиот предлог кој е преточен во закон и во моментов е единствениот во процедура, а тоа е:
Да се задржат условите за остварување на правото на студентски оброк по законското решение од 2020-та година.
Средствата за студентски оброк да се покачат од 120 на 160 денари поради инфлацијата.

Средбата беше прекината и на помош беше повикан премиерот Ковачевски.
Студентите вчера не добија ништо, освен продолжување на периодот на траење на Законот, кој баш поради тие што беа предлагачи на спорното решение се создаде вакум период.

Но ова не беше ниту доведено во прашање.

Со ваквото договорено решение, владата “купи” 6 месеци мир, а им беше фрлена “гума за спасување” на политичарите кои свесно го предложија спорното законско решение.

Тие што преговараа во име на студентите треба да одговорат:
1. Зошто не се издејствува покачување на сумата за студентски оброк ?
2. Што конкретно е договорено за подобрување на условите во студентските домови ?
3. Што ќе се случува со стипендиите ?

Политиката за жал вчера беше единствениот победник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.