Стојаноски: Тезата дека сме се согласиле за уставни измени е само растурање пердуви во јавноста, власта треба да се произнесе која од двете понуди од ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлива

„Не е точно дека некој се согласил на уставни измени, тоа е само растурање на пердуви во јавноста. Одговорни политичари треба да одговорат дали и на кој начин ќе ги ефектуираат понудите на ВМРО-ДПМНЕ кој се јасни и на маса, а кој даваат одговор на две важни прашања. Прво заштита на целиот идентитет на сите граѓани во оваа држава особено на македонскиот идентитет и брзо откочување на европскиот пат кој сега е закочен“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ своите ставови, размислувања и политики ги гради исклучиво на размислувањата и тоа што го добиваме како импулс од народот.

-Нашиот став е јасен а тоа е дека уставни измени под бугарски диктат нема да подржиме. Последната позиција на ВМРО-ДПМНЕ е уставни амандмани со одложено дејство и Влада со сите партии освен ДУИ во нејзе, рече тој.

„Но за тоа еве во изминатиот период конкретно на лидерската средба ние понудивме две решенија за кои што верувам дека ќе направат брз исчекор кон нашите евроинтеграции што во моментов се застанати и закочени. Така да очекуваме владината коалиција да излезе и да каже кое од тие две сценарија го поддржуваат па од тој момент натака можеме да разговараме“, рече Стојаноски.

Тој истакна дека ставот на Христијан Мицкоски е дека нема промена на Устав под бугарски диктат и има две понуди до СДСМ за кој што очекуваме да се произнесат.

Стојаноски вели дека самата Европска Комисија овој пат може самата треба да размисли и со некаков акт да ни покаже дали ние навистина како држава и граѓаните кои живеат во Република Македонија заслужуваме навистина да не сакаат во тоа друштво.

„Прво никаде во преговарачката рамка не е декларативно наведено дека не може на овој начин да се ефектуираат било какви амандмани во Уставот, а втората работа односно тие заклучоци кои се усвоени од страна на Советот исто така тој Совет може да ги преформулира на поинаков начин, нормално доколку имаат за тоа волја да се најде нашата држава таму без уцени од никого“, посочи Стојаноски.

Стојаноски кажа дека ако навистина се нафатил некој да ги направи овие уставни измени под овој диктат тогаш зошто до сега не се закаже собраниска седница за тие уставни измени?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.