Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на зголемување на платите за 25% во еден мандат

Кандидатот за пратеник во изборната единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на својата фејсбук страница сподели  видео со кое им се обраќа на граѓаните на Република Македонија.

 

Драги сограѓани,

Во Проектот за Обнова на Македонија ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на зголемување на платите за 25% во еден мандат. Ова ќе биде со цел да се зголеми животниот стандард и да се олесни животот на нашите сограѓани.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш водело сметка на квалитетот на животот на сограѓаните. Така ќе продолжиме и сега. И во Ѓорче Петров и во целата Изборна единица 2 и во Република Македонија.

Граѓаните на Република Македонија заслужуваат да живеат подостоинствено, почесно и побогато. Зголемувањето на стандардот и на платите ќе биде наш приоритет.

Целосното видео може да го погледнете во продолжение.