Стојановска и Будисављевиќ се штителе со уреди за откривање инсталации за ПИ – мерки

Денеска во судот беше прочитано обвинението против актерката и нејзиниот партнер обвинети за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија

На денешното судско рочиште за актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ, обвинети за производство и пуштање во промет наркотични дроги беше прочитано обвинението, а одбраната ги изнесе воведните зборови пред судот, а следното рочиште е закажано за 7 септември.

Според обвинението, Стојановска и Будисавјевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

„Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, учествувале во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698 758 1 грама. Обвинетите подготвувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Колумбија до Мадрид, и барале купувачи“, се наведува во обвинението.

Од истрагата, Обвинителството утврдило дека обвинетите меѓусебно комуницирале со користење телефонски мобилни уреди и мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки.

Стојановска и Будисављевиќ беа приведени на крајот на декември минатата година.

Стојановска е неколку месеци во куќен притвор, а Будисављевиќ е во притвор.