Стојановски: На 17-ти октомври ВМРО-ДПМНЕ и АА-Алтернатива ќе извојуваат убедлива победа во цела Македонија

Жителите на општина Сарај не се задоволни од оние кои што изминатите години управува токму со општината, истакна во изјава за медиумите претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ- Сарај и кандидат за советник за град Скопје Мартин Стојановски.

-Во сите овие изминати години, речиси и ништо да не е направено во општина Сарај. Граѓаните ја памтат општината, онаква каква што била од секогаш, што значи во изминатите години ништо не се работело во Сарај, и токму затоа на овие избори истите ќе изберат промени, бидејќи не повеќе не веруваат во празни ветувања, категоричен е Стојановски.

Тој додаде дека, коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и Алтернатива убедливо ќе победи во Сарај и во Скопје со Данела Арсовска, пошто ќе следат големи промени на подобро а во корист на сите граѓани.

-Граѓаните на Сарај и Скопје, овој пат ќе изберат промени, гласајќи за кандидатот на Алијансата на Албанците и Алтернатива за Сарај г-динот Ќерим Мамути, како и за Данела Арсовска за Скопје, бидејќи граѓаните повеќе не им веруват на овие лажговци кои буквално во изминатите години не заковаа ниту една шајка, вели Стојановски и додава:

-Лажните ветувања на власта, повеќе нема да поминат ниту кај Македонците, Албанците, Турците, Бошњаците, Србите, Ромите и другите националности, затоа ќе се случат промени во цела држава, бидејќи на граѓаните веќе им е доста од манипулации, додаде Стојановски.

На изборите на 17-ти октомври ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците-Алтернатива ќе издвојат убедлива победа на цела територија на Македонија.