Стојановски: Сѐ што добија граѓаните на Хром од локалната и централната власт е депонија на ѓубре и празни ветувања

Драги сограѓани, денес се наоѓаме во Хром еден од најурбаните делови во Ѓорче Петров.

Три години власт на СДСМ на централно и на локално ниво, а ниту еден реализиран проект на ова убаво урбано место. Дури ни училиштето што ВМРО – ДПМНЕ го направи за привремено да го реши проблемот на граѓаните не е надградено, не се ни гледа крајот на тој проект што беше ветен. Спортската сала ја нема, а се што добија граѓаните на Хром од локалната и централната власт е депонија на ѓубре и празни ветувања, како и дива урбанизација и вцртување на повеќе од 100 згради од новиот детален урбанистички план.

Граѓаните на Хром заслужуваат многу повеќе проекти кои што треба да им го решат нивниот проблем, а токму програмата на ВМРО – ДПМНЕ тоа го нуди. Така да јас верувам и вас ве уверувам дека ХРОМ ќе биде едно место кое ќе биде уште поубаво за живеење, а ВМРО – ДПМНЕ има капацитет и квалитет тоа да го оствари.

Интегрален текст од изјава на Бојан Стојановски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров