Што би направил Апасиев на местото на Иванов, Мицковски и Заев

Професорот Димитар Апасиев во свое обраќање на социјалните мрежи објаснува како би се однесувал кога би бил претседател на државата, претседател на опозицијата, јавен обвинител и премиер.

Тој во своето обраќање вели:

 

Често добивам пораки у инбокс, од типот: „А ШО БИ НАПРАИЛ ТИ АКО СИ…“?

Епа ај да не одговарам поединечно, еве у кратки црти:

 

  1. Ако сум Џоле Иванов – Претседател на Републиката би напраил следно:

а) Повторно ќе ги активирам аболициите за сите 50 криминалци, со што би ја минирал работата на СЈО, бидејќи и така веќе е очигледно дека е пазарено никој да не лежи, па кад је бал нек је маскенбал,

б) Ќе поднесам контрапредлог на владиниот за промена на Уставот на РМ, со цел одолговлекување на процедурата,

б) Ќе се обратам со жесток говор на пленарна седница во Собранието на РМ, за да остене во стенограмите кој на чија страна бил,

в) Ќе поднесам предлог до Уставниот суд на РМ за да го реши судирот на надлежности , при потпишување на т.н. Преспански договор од страна на министерот-узурпатор,

 

  1. Ако сум Христијан Мицкоски – лидер на најголемата парламентарна опозициска партија
    а) Би повикал на радикализација на ситуацијата и парализа на државата со 200.000 демонстранти пред Собрание;

 

б) Би им дал наредба на сите пратеници да прават невидени скандали на седниците на Собранието (процедурални интервенции, тропање по маси, тавчиња, тенџериња и слични иновативни техники).

 

  1. Ако сум овој анонимусов шо е Јавен обвинител на РМ шо не го знам како се вика:

а) Би отворил итна истрага за поткупт на пратеници и евентуалните закани за да гласаат,

б) Би повел постапка за кривично дело Саботажа против 80те пратеници, бидејќи свесно гласаат против Референдумската одлука од 1991 – што е недозволено во правото и подлежи на кривичен прогон.

 

  1. Ако сум Зоран Заев – Премиер на РМ
    a) Би си дал неотповиклива оставка од функцијата,

б) Би се самоубил!

в) Би го одолговлекувал процесот со процедурални финти и амандмански филибастеринг,
до  недоглед,

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.