Што е Груевски: Малолетник, инвалид или жртва на сексуално насилство?

Денеска во унгарскиот парламент, за време на пратеничките прашања, беше побаран одговор за постапката за азил на осудениот екс-премиер Груевски, пренесува порталот 24.hu.

Прозван да одговори на прашањето – зошто Груевски има специјалем третман, беше Државниот секретар во кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Балаш Орбан.

Опозицијата побара одговор потсетувајќи дека според унгарскиот закон, специјален третман за барател на азил следува само ако станува збор за малолетник без придружба од возрасно лице, бремена жена, самохран родител, жртва на сексуално насилство, личност со инвалидност или друг вид попреченост.

Државниот секретар го повтори досегашниот став на владата дека Груевски добил специјален третман затоа што бил 10 години премиер.