Што е тоа: Вујко свирна, СЈО на нога се дигна?

Живо свиено, со игли набиено; Ако ме држиш јако, ќе ти бидам роб, ако ме испуштиш, ќе ти ископам гроб; Вујко свирна, вујна на нога се дигна!

„Што значат овие загатки и во која од нив може да се препознава работата на специјалното јавно обвинителство?“, пишува дневниот весник „Дневник“ во своето денешно издание, пренесува НетПрес.

Новиот стил на најава на прес-конференциите што завчера го воведе СЈО беше интересен повод и идеја да направиме мини-анкета на неколку улици во скопската населба Kапиштец. По разговорот со неколку жители на Центар, заклучивме дека во јавноста владее мислењето оти целата работа на обвинителите на СЈО за која се платени од буџетски пари, всушност, се сведува на смеа и гатанки, па оттука и самата институција се обои себе си во боите на несериозноста.

На посочениот избор од трите погоре наведени гатанки, според анкетата, последната победи. – Вујко свирна, СЈО на нога се дигна – најмногу асоцира на стилот и начинот на работа на Kатица Јанева и нејзиниот тим, иако и втората – Ако ме држиш јако, ќе ти бидам роб, ако ме испуштиш, ќе ти ископам гроб – би можело да биде соодветен опис – велат анкетираните низ смеа.

Речиси никој од нашите соговорници не сакаше да се фотографира, но велат по несериозната најава на СЈО на последната прес-конференција, на која инаку објавија четири нови случаи, тешко дека во иднина сериозно ќе се сфаќаат нивната одговорност и посветеност во работата (како што Катица Јанева ја опишува ангажираноста на нејзиниот тим).

Во најава на социјалните мрежи СЈО пиша:

„Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“, а потоа, наводно, цела Македонија се мачеше да одгатне што тоа толку значајно и умно најавуваат од СЈО.

Решенија што почнуваат на буквата „Т“ имаше секакви, од такви што се резултат на сериозно мачење и размислување за да се одгатне што би можело да биде, такви што се обиделе да ја доловат целата ситуација за СЈО како бесмислена, поврзувајќи ја со голготата на политичката криза поради која велат останува „да се смееме за да не заплачеме“, како и такви што сметаат дека најавувањето на прес-конференции со гатанки од страна на македонска институција, чие работење го следат европските медиуми е навреда на интелигенцијата на граѓаните што живеат тука. Kако и да е, на гатанката на Јанева некои од новинарите од опозициските медиуми одговорија точно, но не затоа што се вонредно интелигентни да го одгатнат одговорот, ами од истата причина поради која и пред секоја претходна прес-конференција знаат кого ќе стави на бесилка тимот на СЈО. Со други зборови, и овој пат им е однапред кажано што ќе биде објавено на прес-конференцијата.

Дали сето ова ги обележува Јанева и нејзиниот тим како борци за правда и враќање на владеењето на правото во
земјата заради што беа првично формирани? Судејќи според нашата анкета и според фамата на социјалните
мрежи – одговорот е негативен. Битката со сериозен криминал – каков што го опишува Јанева, да биде зачинета со
гатанки, остава се’, само не сериозна слика.

Спуштени камери во знак на револт

Некои од медиумите во знак на револт ги спуштија камерите за време на прес-конференцијата со образложение
дека СЈО со својата работа врши притисок и ограничување на слободата на говор. Обвинителките одговорија дека ниту еден медиум засега не бил предмет на истрага.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.