Колумни

Што е вистина?

Што е вистина?

Дон Кихот е еден од најголемите ликови во литературата, синоним на јуродив кој решил да се бори против ветерници, будалетинка кој со својот Санчо Панса, кој го следи, а демек разум, одат низ земјата и ја ослободува од страшните џинови, ламји, чудовишта. Дон решил земјата да ја спаси и… До толку општата култура го препознава дури и полуписмена единка и често се користи како синоним во писанија и говори, а ретко кој ја прочитал книгата.

Медиокритетите се „мејнстримот“ на општеството

Како? Еве вака, сте виделе ли ној да крие глава во песок? Не, искрено ве прашувам? Ама сите сте ги кркале тие брбушки во поетското себепозирање на социјалните мрежи сакаајќи да дадете поента, да оставите впечаток дека сте културни, учени па ја користите како хипербола??! Што ли? Не, не сакате да ја дознаете вистината оти ќе испаднете прости. Дај, да не се правам луд, оваа реченица -криење глава како ној во песок – ја користев уште на самите мои почетоци на медиумите (пред 25г). Но, кога го купив првиот US robotics 56k прво што направив е (на зачетокот на првите википедии) да најдам податок – слика токму за ова. Што најдов? Куп детски цртежи но не и слика како вистински доказ. Напротив научни трудови за тоа како овие животни се однесуваат, глава во песок од страв не пикаат и тоа е факт! Пробајте и сега но нема да најдете … во суштина ќе најдете ној со глава во песок, но тој не се крие, тој чисти и прави дупка за да снесе јајца за својот пород, поколенија. Тоа е чин на кукавичлук, страв, креиње, бегање? Една природна работа на суштество кое е градено како што е и единствен можен начин да направи нешто за својот род е олицетворение за нас – како кукавичлук? Дали се осетив како будала? Ма сигурно не, просечен Македонец подобро знае религија од поп, фудбал од селектор, музика од музичар, итн, итн…

Јас, да, се осетив посрамен, ама сметам за лична доблест е да проверувам и прашувам читам и барам докази, но дека акутното арогантно „сезнаење“ за кое цела нација сме убедени дека од Бога го имаме со само раѓање, па нам не  ни треба школо, книга, наука, историја, податок, ние само слепо одиме по така наречена “мисконсепшн” која сме ја прифатиле како вистина и така бладаме, трескаме … Добро де – ќе речете, тоа е само метафора, парабола, литертурна форма да се образложи… да се изразиш… не, Фак Ју, до љубовниот орган ми е од памет базирана на неточно и глупост само затоа што некого мрзи малку повеќе да поднаучи или прочита.

Зошто им трепкаа часовниците на видеата? Оти ги мрзеше да го наместат!!!

Дон Кихот демек храбар се борел? Па уште дополнително се прави корелација со Давид против Голијат, а не сме ни прочитале ниту ја знаеме суштината на таа приказна, но си тераме во живот и врз основа на лоша и погрешна интерпретација се најдовме да се правиме учени, демек слабиот го победил појакиот. Мај „ЕС“, Давид не бил слаб!!! Друга е поентата! Срамота! Демократијата дозволува секоја будала да си каже и напише што сака, затоа и јас сум тука. Вие? Доктори? Научници? Академици? Професори? Кариери градени врз концепти кои не се ни осмелувате барем основно емпириски да ги проверите?

Ако за вака ситна работа ви е тргната вистината пред очи, за литературно дело или природна појава, за кој лесно за 1 минута можете да ја дознаете суштината и вистината, ве изработиле и се поведувате пои општо погрешно мнение и впечаток, кажете ми, дали сте убедени до толку во вашите ставови кога се однесува за играта која се игра со Македонија?

Урлање и лепење знамиња, македонски, европски, американски, руски, За и Против и мислите дека ја знаете вистината и суштината, дека го знаете и познавате вистинскиот пат? Дека знаете како точно треба да се постапи? И мислите дека некој пред вас кој ја смислил оваа игра многу одмана пред вас дека ја немал на маса оваа опција? Дека не ги превенирал сите потези однапред. Дека сте ги заебале и ЦИА и Мосад и МИ6, МИИ (кинеската) или ФИС (руската). Сакате ли да сте Дон Кихот? Да? Не? Тогаш не јадете бели бубрези по мрежите – делувајте! Ама интелигентно! Делувајте оригинално, креативно, не се поведувајте како овци. Играјте шах! Направете непредвиден потег. Како? Е тука е креативноста.

Што потоа?

Кога сево ќе помине, следната фаза е плукање кој е крив и што ќе било ако било, ако вие што сте рекле ве послушале, но не ве послушале и ќе имаме повторно, хејтање, прозивки, бесилки билдање омраза! Не, Македонија не се брани со јадење бурек! Ако не сте спремни на себежртвување, не го барајте тоа од другите! И не чекајте некој да ви се приклучи па да направите. Револуцијата и напредокот се индивидуален чин, не колективен.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес