Сто и дваесет новозаразени во еден ден, е многу покруцијална тема од Боемска улица

Има многу поважни теми од циркузот што го приредија послушниците на Зоран Заев., реле лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во четвртокот вечерта во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, и потсети дека, за жал, денеска има 120 заболени од Ковид-19.

„Денеска имаме 120 луѓе кои што се инфицирани од Ковид-19 вирусот, за жал. Имаме двајца кои што ги загубија животите. Имаме една нова реалност нели ја победивме пандемијата пред 10-тина дена, две недели. Славевме, имаше спектакуларни прес конференции. Политичарот, докторот Караџовски заедно со техничкиот претседател на Владата, со ресорниот министер, практично мини забава се случуваше на таа прес конференција. Славевме сите, славевме практично една нова реалност, како што тоа ни беше претставувано од страна на овие луѓе. И мислам дека имаме многу позначајни теми од она кое што се случуваше вчера како циркуски спектакл кој што го приредија малкумина послушници на Зоран Заев“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тоа што гтребаше да го каже го соопшти преку неговото обраќање на социјалните мрежи и повторно ќе повтори дека погрешил и е подготвен да плати казна што следува, и и се извини тоа што не го прават останатите политичари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.