Што ќе се случи ако се излезе да се гласа, а што ако се бојкотира?

За разлика од Бојкотот за референдумот кога и ВМРО ДПМНЕ помагаше, а и имаше организирана бојкотирачка структура, сега такво нешто не постои! Освен некои од времето проблематични групи и „исфантазирани“ поединци - ништо од факторот бојкот не постои!

713

Пишува: Презвитер Ивица Тодоров

1. Ако се гласа за Стево П. и СДС предавството на темелните македонски интереси се циментира! Предавството се претвара во триумф и прифатлива политика! Договорот од Преспа и целиот пакет од и со него станува причина за Нобелова награда. За кратко време кај 99% од амебизираниот народ „Северна Македонија“ ќе стане ралност и навика! Отпорот кон предавството ќе станува се помаргинализиран – со тенденција на исчезнување!

2. Ако се бојкотираат претседателските избори тогаш му се помага на Стево П. затоа што членовите на СДС + ДУИ + разни слични на нив ќе гласаат за него. Реалноста и анкетите велат дека со гласовите се блиску до цензусот! Мора да се напомене дека за разлика од Бојкотот за референдумот кога и ВМРО ДПМНЕ помагаше, а и имаше организирана бојкотирачка структура, сега такво нешто не постои! Освен некои од времето проблематични групи и „исфантазирани“ поединци – ништо од факторот бојкот не постои!

3. Ако се гласа за Гордана С. Д тогаш ОТПОРОТ против Договорот од Преспа, но и целиот пакет предавнички дејства, договори и закони, ќе добие институционално и легалистичко/ правно СПРОТИСТАВУВАЊЕ!
Договорот реално не може веднаш да се промени, но ПРОЦЕСОТ за негова промена ќе се засилува и ќе формира околности за промена!
Доколку Гордана С. Д победи во првиот круг со масовна излезност тогаш заевизмот во очите и на граѓаните на МК и на надворешниот фактор ќе биде делегитимиран – ПОБЕДЕН! Тогаш, предавството ќе си биде предавство, а не триумф за нобелова награда!
По големата победа на Гордана С. Д ќе претстојат вонредни парламентарни избори на кои, ако ВМРО ДПМНЕ победи со голема разлика, тогаш многу нешта ќе се сменат! Да, Договорот не може да се поништи веднаш, затоа што во прашање е нашата интеграција во Нато и Еу, но многу нешта ќе започнат да се менуваат, како во однос на темелните македонски интереси, така и во однос на квалитетот на живот!

ТОА се реалните ОПЦИИ од кои произлегуваат различни резултати! Се друго е фантазија, тупење, нереланост, наивност, глупост, его – бунтовен филм кој демек некого прави посебен, емотивна заплетканост, но и одработување, формирање заматена атмосвера, пета колона, поттикнување дефетизам………, е да, може планетата Земја да ја удри голем метеорит за нештата да се сменат, а може и да не ја удри:)

Упс, има и уште две опции, едната е принципот на ној – глава во земја и не гледам и не слушам, а другата опција е чао „северна“ МК, билет во еден правец и …според среќата…

И ЗА КРАЈ, Бог да ја благослови Македонија и Македонците, кои разбираат зошто Бог го дарува својот благослов!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.