Стојкоски: Го слушаме вашиот глас, нема веќе отпад на пешачката патека кај насипот

Нема повеќе висока вегетација, купишта отпад и малку клупи и канти за отпадоци на пешачката патека кај насипот! Екипите на Ѓорче се веќе на терен и работат на средување на ова запуштено место, бидејќи го слушаме вашиот глас и важни ни се вашите мислења и потреби, стои во Фејсбук статусот на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој напиша дека целта  е граѓаните да се задоволни од изгледот на пешачката патека, која треба и мора да биде функцилнално и урбано место, каде од најмлади до најстари ќе го минуваат слободното време.

– Свесен сум и за проблемот со осветлувањето. Веднаш стапив во контакт и со службите во Град Скопје. Добив ветување дека во најкус можен рок ќе се реши и овој недостаток на пешачката патека кај насипот, додава Стојкоски во својата објава.