Стојкоски скрати од парите за патувања, цвеќиња и одржувања на возила на градоначалникот- Советот на Ѓорче Петров го усвои ребалансот на буџетот со пари за новата градинка

Општина Ѓорче Петров кратејќи од парите наменети за трошоци на градоначалникот Александар Стојкоски, Советот и администрацијата, обезбеди седум милиони денари за доградба на градинката во Волково.

Ребалансот на буџетот предложен од градоначалникот Стојкоски е завршен и изгласан од Советот на Ѓорче Петров. Тој ги скрати парите кои беа одвоени за патување и сместување, одржување на слубежно возило, копирање, цвекиња, пречек на гости.

„Потребите на градоначалникот, Советот, администрацијата се неважни во споредба со потребите кои ги имате вие, жителите на Ѓорче Петров. Затоа, денеска го направивме ребалансот на Буџетот на Општината! Го кратиме сето она кое го сметаме непотребен трошок. Затоа, меѓудругото кратиме од: трошоците за патување и сместување на Советот на Ѓорче Петров; Ставката за патувања на градоначалникот; Парите кои досега беа предвидени за одржување на службено возило; Средствата за копирање и печатење; Парите предвидени за цвеќиња и сместување на гости“, напиша Стојкоски.

Дополнително, Стојкоски предложи а Советот одобри кратење на парите плати и надоместоци за вработувања, за обезбедување и средства планирани за фотографирање.

„И тоа за една цел: обезбедуваме 7 милиони денари за доградба на градинката во Волково. Советот на Ѓорче, го поддржа ова! Нема поголем приоритет од граѓани, односно од најмладите! Не сакаме листи со чекања и правиме сѐ тоа да биде минато! Ниту сакаме буџети каде на прво место не сте вие, жителите на Ѓорче, кое го правиме модерно, урбано, хумано“, додаде Стојкоски.