Стојкоски вети дека Ѓорче ќе стои зад лицата со интелектуална попреченост

Со менување на јавната свест, спроведување и приклучување во проекти, кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ќе помага на лицата со интелектуална попреченост. Тој изминатиов период имаше стотици средби со различни категории граѓани, а вчера се сретна и со раководството на центарот „Порака Неготино“, со кои разговараше за проблемите и предизвиците. Тие, свое катче имаат и во Волково, каде се згрижуваат 44 лица. Стојкоски посочи дека ова е една од средбите која го оставила без зборови.

„Живееме исто, сакаме исто, поминуваме низ предизвици, ги делиме истите проблеми. Се бориме за подобро утре. Ова е една од оние средби која ме остави без зборови. Сигурно сте чуле за „Порака Неготино“. Центар кој згрижува 44 наши сограѓани со интелектуална попреченост во Волково. Премрежјата низ кои поминувале и поминуваат се различни и ги знаеме сите. Зошто лицата со попреченост да не живеат живот како сите ние? Зошто да не се еднакво вклучени во општеството? Зошто да немаат сервисни служби? Зошто да не дадеме се од себе да ги унапредиме нивните права?“, напиша Стојкоски.

Тој смета дека нема одговор на овие прашања, бидејќи овие цели мора да се исполнат. Според Стојкоски, овие лица и овој центар, не смее и нема да бидат повеќе заборавени, бидејќи Ѓорче ќе биде општина за сите граѓани.

„Тие се жители на општината како сите ние. Ќе ја менуваме јавна свест, ќе спроведуваме и се приклучуваме на кампањи, ќе обезбедуваме поддршка, ќе ги изедначуваме во општеството. Ќе придонесеме за овие центри, затоа што сакаме и се обврзуваме!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.