Стојкоски: За Ѓорче Петров гарантираме нов спортско рекреативен центар во Хром, нови паркови, градинки, сообраќајници…

За Ѓорче Петров гарантираме нов спортско рекреативен центар во Хром, најмалку 20 000 м2 нови паркови површини, парк во секое маало, Ѓорче без кал – асфалтирање на сите улици и поставување на улично осветлување, изградба на две нови детски градинки, пробивање на нови сообраќајници. Промени, проекти, победи! Создади нова Иднина!, вели кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.