Што порачуваат ракометните ѕвезди во врска со референдумот

Многу јавни личности од Република Македонија деновиве ги изнесоа соите ставови по повод референдумот за промена на името, и тоа во мнозинство се против договорот со Грција. Меѓу нив преку социјалните мрежи на денот на гласањето се огласија и ракометните ѕвезди, капитенот на европскиот шампион РК Вардар, Столе Стоилов и првиот голман на националната селекција Борко Ристовски.

„Никогаш Северна, секогаш Македонија“, кусо и јасно порача Стоилов преку фејсбук, за што доби голем број позитивни реакции на социјалната мрежа.

„Постојат многу попаметни начини како да го поминете денот отколку да излезете на гласање“, порача, пак Ристовски .