Сто санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Во понеделникот полициски службеници од СВР Битола спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 100 возачи.

Од нив, 42 возеле побрзо од пропишаното надвор од населено место, а 58 во населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.